Корона-вирусот „коси“, одложен меч од НБА-лигата кој требаше да се игра вечерва

Натпреварот помеѓу Торонто репторс и Чикаго булс кој требаше да се игра вечерва е одложен. Причина е големиот број на заразени кошаркари на канадскиот тим со корона-вирусот.

Ковид-19 направи вистинскиот хаос во Репторс, па тимот во моментов нема ниту осуммина здрави играчи кои се на располагање. Завчера Торонто играше против Хјустон, но немаше шест членови на стручниот штаб, меѓу кои и главниот тренер Ник Нурс. Сега вирусот се прошири и на играчите.

Сезонава во НБА-лигата беа одложени дури 30 меча поради проблеми поврзани со корона-вирусот. Засега не се знае дали Торонто ќе игра уште некој меч пред олстар-паузата.

- Оглас -

Најнови вести