Коронавирусот кулминација во Европа ќе има во април, затоа фудбал нема да има најмалку до 3 мај?

Европското фудбалско првенство летово и дефинитивно нема да се одигра, но останува неизвесно што ќе биде со фудбалските првенства ширум Европа. Од УЕФА има предлог сите домашни шампионати да завршат најдоцна до 28 јуни, а секоја федерација сама да одлучи на кој начин ќе се доиграат преостанатите мечеви.

Според предвидувањата, пандемијата со Коронавирусот нема да заврши во брзо време. Се очекува на почетокот на следниот месец да биде кулминација на опасниот вирус во Европа, па препорака ќе биде да не се играат фудбалски мечеви до почетокот на мај.

Планот на УЕФА е шампионатите да завршат до 28 јуни, а финалето на Лигата на шампионите треба да биде на 30 јуни. Сепак, засега овие уште се неофицијални информации, а доколку не биде постигнат целосен договор меѓу УЕФА и федерациите, можно е да има и нов состанок за две недели, а засега на сила да остане „замрзнувањето“ на сите фудбалски возбудувања во Европа.

- Оглас -

Најнови вести