Кош за победа со звукот на сирената, навивачите збеснаа од радост (Видео)

Мајами хит го победи Бруклин со 109:107 во еден од неколкуте возбудливи НБА-мечеви кои се играа ноќеска. Беше нерешено кога Бам Адебајо ја зеде топката во последниот напад и не згреши. Со звукот на сирената шутираше и погоди за голема радост на домаќините.

На трибините во НБА-салите веќе започнаа да се враќаат навивачите, па еден ваков кош за победа делуваше освежувачки да се слушне повторно добрата атмосфера која ја создаваат фановите на трибините.

Во другите мечеви кои се играа: Њујорк – Њу Орлеанс 122:112, Шарлот – Портланд 109:101, Орландо – Хјустон 110:114, Торонто – Оклахома 112:106, Далас – Сакраменто 107:121, ЛА клиперс – Минесота 124:105.

- Оглас -

Најнови вести