Кошаркар кој во минатата сезона играше за МЗТ, потпиша договор со Орландо меџик!

Неверојатно, но вистинито, кошаркар кој во минатата сезона го носеше дресот на МЗТ Скопје Аеродром и во Македонија освои двојна круна, кариерата ја продолжува во Орландо меџик во НБА лигата.

Плејмејкерот Хасани Гравет кој има 25 години, е еден од тројцата кошаркари кои денеска добија договор од Магичните од централна Флорида. Тој во Орландо ќе го носи дресот со бројот 12, кој своевремено го носеше Двајт Хауард.

Гравет се наметна на петте контролни мечеви на летната лига во Лас Вегас и имаше просек од 8 поени за 16 минути.

- Оглас -

Најнови вести