Кошаркар на МЗТ се ожени со поранешна Мис на Македонија

Српскиот кошаркар Андрија Бојиќ кој сезонава настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром, стана македонски зет. Тој на свадбена церемонија во Белград се ожени со македонската актерка Јана Стојановска.

Јана која во 2007 година беше Мис на Македонија, неодамна се пофали дека е трудна, па наесен, таа и осум години помладиот Андрија ќе имаат дете.

Крилниот центар Бојиќ не играше во плејофот поради скршеница на раката, и можеби и следната сезона ќе остане во Скопје, родниот град на сопругата. Но, не е исклучено тој и да си замине, па да живеат во странство, можеби во неговиот Белград, каде Јана е позната по улогата во филмот „Сенки над Балканот“.

Македонскиот шампион МЗТ и во следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција. на шампионот на Македонија. Ова ќе биде втора сезона за „штрковите“ во ова натпреварување, во обид да отидат чекор понапред и да се вратат во главната јадранска лига.

- Оглас -

Најнови вести