Косоваре Аслани постигна хет-трик за Реал Мадрид во само 155 секунди

Женскиот тим на Реал Мадрид славеше во дуелот против Валенсија со 3:1, а интересно е што сите четири гола беа постигнати во само четири минути. До 67 минута беше 0:0, а потоа започна шоуто на Косоваре Аслани.

Девојката која има потекло од Косово, а е родена во Шведска во период од 155 секунди постигна три гола, односно се израдува на хет-трик во период од 67 до 70 минута.Веќе во следната минута Валенсија даде почесен погодок, но тоа беше се што направија гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести