Косово и Албанија се скараа околу еден фудбалер кој веќе ја смени репрезентацијата

Фудбалските федерации на Албанија и Косово се во спор околу 24-годишниот фудбалер Зимер Битиќи, кој можеби ќе ја смени репрезентацијата, бидејќи новите правила на ФИФА го дозволуваат тоа, под одредени услови.

Битиќи кој игра за Коњаспор, и клупски колега е со нашиот младински репрезентативец Ердон Даци, роден е во Белгија, но кога имал 2 години се преселил во Норвешка, и играше за младите селекции на таа земја. Но, кога стана сениор, тој го одбра Косово, од каде потекнуваат неговите родители. Сепак, тука не е крајот, сега Албанија сака да го „украде“, бидејќи тој има играно само два меча за А тимот на Косово, и според новите правила, после одредена пауза, може да смени репрезентација.

Албанците го поканија да игра за нив, а и самиот фудбалер кој неодамна од Викинг прејде во Коњаспор, изразил желба да игра за нашиот западен сосед. Се очекува Битиќи од ФИФА да добие дозвола за менување на репрезентацијата, и во јуни да се појави во црвено-црниот дрес, што не им се допаѓа на Косоварите.

Ова не е прв случај играчи да бираат помеѓу Косово и Албанија, но обично фудбалери кои настапуваа за Албанија, по приемот на Косово во ФИФА и УЕФА се решаваа да играат за новата држава.

- Оглас -

Најнови вести