Ковид-19 во селекцијата на Шкотска, позитивна е младата ѕвезда која блескаше против Англија

Били Гилмур, младата ѕвезда на Шкотска, е позитивен на корона-вирусот по последните тестирања во репрезентацијата. Талентираниот играч за врска веднаш е преместен во самоизолација, во која ќе седи во наредните 10 дена, пред да добие негативен тест за ковид-19.

Гилмур во своето деби во стартниот состав на Шкотска беше прогласен за играч на натпреварот во ремито без голови против Англија во второто коло од ЕП, неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за Шкотите во утрешниот меч против Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести