Крафорд го победи Кан со „случаен“ удар под појасот (Видео)

Теренс Крафорд ја одбрани титулата светски првак во бокс, во велтер категорија, но еден од клучните моменти во борбата против Амир Кан, беше удар под појасот, кој Американецот му го зададе на Британецот. Крафорд и после 35 меча е непоразен, а од 35-те триумфи, 26 му се со нокаут.

Крафорд доминираше и во шеста рунда го нокаутираше Кан, но пред тоа, се случи удар кој не е дозволен, по што Кан не можеше да продолжи. Крафорд кој има 31 година, не е суспендиран, бидејќи проценката е дека ударот е во ногата, а не во меѓуножјето на противникот. Дали Кан би се откажал ако ударот беше во ногата, тешко е да се каже.

„Како прво, ударот не беше под појас, а второ, неговиот тренер знаеше дека борбата ќе оди во непосакуван правец за нив, па реши да го заштити боксерот од поголем ќотек“ – рече дрскиот Крафорд.

- Оглас -

Најнови вести