Претходните девет тениски гренслем турнири во машка конкуренција ги освојуваше или Карлос Алкарас или Јаник Синер, но на таа серија ѝ дојде крајот.
Доминацијата на „Синкарас“ е прекината од здравствени причини. Шпанецот Алкарас не игра на „Ролан Гарос“ поради повреда, додека Италијанецот Синер денеска загуби откако делуваше дека се разболе од сончаница среде меч, и испушти предност од 2-0 во сетови и 5-1 во гејмови во третиот.
Во Париз веќе ги нема Алкарас и Синер, па првпат по САД опен во 2023 година (тој турнир го освои Ѓоковиќ), гренслем ќе освои некој трет. Му се отвора прекрасна шанса на Новак Ѓоковиќ конечно да дојде до 25-тата гренслем титула во кариерата, а своја шанса гледаат и други тенисери, иако Србинот сега е кандидат број 1.
Ѓоковиќ има уште многу за играње до целта, треба да мине преку Фонсека, а потоа ако нема сензации, потенцијално и против Руд, Де Минор, Зверев и Оже-Алиасим. Сепак ова е полесен пат до целта отколку ако тука беа Алкарас и Синер.

