Кралевите се вратија во плејофот и ги шокираа своите навивачи со најскапите цени во историјата на НБА

Сакраменто кингс по 17 години се врати во разигрувањето за титулата и во првото коло ги очекува пресметка со шампионот Голден Стејт вориорс, а управата на клубот ги шокира своите навивачи со изгор скапите цени за влезните.

Според медиумите во САД, просечната цена за билет за првиот натпревар во плејоф серијата против Голден Стејт, изнесува неверојатни 668 долари. Ова е најскапа просечна цена за влезница на натпревар од првото коло во плејофот во НБА лигата.

Просечната цена за влезниците во плејофот е за неверојатни 603 отсто поскапа од просечната цена на билетите кои се продаваа во регуларниот дел од сезоната и која изнесуваше само 95 долари.

Цената за најубавите седишта, тие покрај теренот, изнесува 1.248 долари.

Просечната цена на влезниците за вториот натпревар кој исто така ќе се игра во Сакраменто изнесува 480 долари, додека за третиот и четвриот меч кои ќе се играат во Сан Франциско, цената е 339, односно 327 долари.

Првиот натпревар од плејоф пресметката меѓу Кралевите и Воините ќе се игра вечерва од 2.30 часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести