Кралевите со уште едно засилување – Менди потпиша шестгодишен договор со Реал

Ферлан Менди е нов играч на Реал Мадрид и трето летно засилување на Кралскиот клуб, по Лука Јовиќ и Еден Азар. Реал Мадрид на својата клупска страница објави дека е постигнат договор и со Лион и со Менди, па во следните шест сезони тој ќе игра за најтрофејниот шпански клуб.

Промоцијата на Менди ќе биде на 19 јуни во 13 часот, а пред него, пред публиката на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се претстави Лука Јовиќ, и тоа денеска.

Утре на ред е официјалното претставување на Еден Азар, а од Реал Мадрид најавија дека ќе пазарат уште играчи во летниот период.

- Оглас -

Најнови вести