Кралевите започнаа „војна“ против првиот човек на Ла Лига

Управниот одбор на Реал Мадрид на денешниот состанок едногласно одлучи да поднесе граѓанска и кривична тужба против претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, како и против Хавиер де Гујара, првиот човект на инвестицискиот партнер на лигата, „ЦВЦ капитал партнерс“ фондот.

Исто така е покрената акција да се поништи договорот со овој фонд околу предвидената финансиска помош за прволигашите, што изнесуваше 2,7 милијарди евра. Одлучено беше сумата да се подели на сите 20 клубови со тоа што Барселона и Реал Мадрид ќе добиеја најголем дел од колачот, но гигантите одбија само еден ден подоцна по приложувањето на планот.

- Оглас -

Најнови вести