Кралот Џејмс како Худини мина низ чопорот волци од Минесота (Видео)

Леброн Џејмс одигра нова блескава партија баскет, со нов трипл-дабл од 25 поени и по 12 скока и асистенции беше лидер на Лос Анџелес лејкерс во победата против Минесота со 137:121, а приреди и шоу.

Најатрактивниот потез на мечот беше дело на Кралот на кошарката, а успеа да мине низ ѕидот на чопорот волци од Минесота кои не успеаја да го сопрат. Со прекрасно движење низ воздухот ги мина Таунс и Вандербилт и од зад грб го погоди кошо на гостите.

На 36-годишна возраст Леброн стана највозрасниот кошаркар во историјата на НБА лигата што успеал на два меча по ред да забележи трипл-дабл учинок.

Во победата против Голден стејт вориорс пред две ноќи имаше ефект од 22 поени, 11 асистенции и 10 скока. Моментно има вкупно 99 трипл-дабл учиноци во кариерата и го чека јубилејниот стоти на некој од следните мечеви во НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести