„Кралот на Инстаграмот“ следи само 72 жени, од кои 40 се познати

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо со 156 милиони следбеници е најпопуларната личност во светот според следбениците на социјалната мрежа „Инстаграм“, додека тој самиот следи само 426 лични профили, од кои 72 се на жени, а само 40 се познати.

Роналдо ги има „лајкнато“ актерките Џесика Алба, Марго Роби, Анџелина Џоли, Ева Лонгорија и Софија Вергара, манекенките Жизел Бундхен, Алесандра Амброзио, Изабел Гуларт, Џиџи Хадид, Емили Ратајковски, Адријана Лима и Хајди Клум, пејачките Џенифер Лопес, Бијонсе, Аријана Гранде, Алиша Кис, Деми Ловато и Рита Ора, тенисерките Серена Вилијамс и Марија Шарапова, атлетичарката Дарија Клишина, „конкурентката“ Селена Гомес, која е најследена женска личност на „Инстаграм“, водителката Опра Винфри, ријалити ѕвездите Ким и Кортни Кардашјан, како и нивните сестри Кендал и Кајли Џенер, фудбалерката Марта Виеира да Силва, итн.

Се гледа дека Роналдо „шара“ по професиите, одбира жени од различни професии, а секако на листата на девојки кои ги следи е и неговата идна сопруга Георгина Родригес.

- Оглас -

Најнови вести