Кралот не успеа да го круниса историскиот настап со триумф

Леброн Џејмс е првиот кошаркар во историјта на НБА-лигата кој остварил учинок од 20+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции во еден меч од разигрувањата. Џејмс дополнително го запиша својот 22-ри трипл-дабл учинок во дресот на Лејкерс, со кој го помина легендарниот Коби Брајант (21) на третото место на клупската листа во оваа категорија.

Кралот заврши со 23 поени, 17 скока и 16 асистенции во поразот на Лејкерс од 93:100 во првата пресметка против Портланд. Одличниот Лилард ја расипа вечерта на фаворитот во оваа серија и воопшто во овој плејоф, по што Езерџиите влегоа во проблеми и ќе бркаат негатива за да ја дофатат втората рунда од разигрувањата.

- Оглас -

Најнови вести