Кралот почна често да паѓа – Еспањол е како Шериф, го победи Реал со ист резултат (Видео)

Еспањол го победи Реал Мадрид со 2:1 во второто дерби во осмото коло во Ла Лига и ја продолжи мини-кризата на Кралскиот клуб кој има два порази по ред, по блескавиот старт во новата сезона со 7 победи и едно реми.

Домаќините водеа со 2:0 со головите на Раул Де Томас и на Алеиш Видал постигнати до 60. минута, а потоа Реал нападна и се обиде да се спаси од пораз.

Карим Бензема постигна погодок што беше поништен поради офсајд, а потоа во 71. минута постигна регуларен гол за 2:1.

Голот на најдобриот стрелец во Ла Лига можете да го погледнете ОВДЕ.

Драмата во Барселона кулиминираше со уште еден поништен гол на гостите, што го постигна Еден Азар, па Реал повторно загуби со 2:1, втор меч по ред, по сензационалниот несупех против Шериф во Лигата на шампионите.

Реал остана на врвот на табелата со 17 бода, колку што има и шампионот Атлетико Мадрид, но и Реал Сосиедад и Севилја имаат шанса да ги претркаат и да бидат нови лидери во шпанското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести