Кралска болница: Зидан остана и без Иско

На листата повредени во редовите на Реал Мадрид се додаде и името на Иско Аларкон. Шпанецот поради повреда на бутниот мускул од десната нога ќе мора да паузира две до три недели, што значи дека на терените би се вратил по репрезентативната пауза во септември.

Зидан во изминативе неколку дена остана без неколку креативци. Уште пред еден месец се повреди Асенсио и за него сезоната заврши, додека Азар и Хамес закрепнуваат, па и тие како Иско ќе заиграат по квалификацискиот циклус. Хендикеп има и на крилните позиции, Брахим и Родриго исто така се на рехабилитација.

Францускиот стратег ќе мора да комбинира во пресрет на дуелот од третото коло во Ла Лига против Вилјареал, а на тој меч ќе може да смета барем на Лука Модриќ, кој ја одлежа суспензијата од еден натпревар за црвениот картон од првото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести