Кралска игра на Реал: Перфекцијата на Бензема и среќниот гол на Крос го трасираат патот кон победа во Ел Класико (Видео)

Реал Мадрид води со 2:0 против Барселона, по првото полувреме на Ел Класико. Домаќините одично ги искористија своите шанси и сега се на 45 минути до триумф кој ќе ги одведе на врвот на табелата во Примера дивисион.

Кралевите започнаа одлично и поведоа по првата посериозна акција. По добро изведениот контра напад, Лукас центрираше, а Бензема на мајсторски начин со петица успеа да го матира Тер Штеген. Погодокот на Французинот може да го видите ТУКА.

https://streamable.com/7nc1bf

Гостите од Барселона уште не беа свестени од шокот, а примија и втор погодок. Беше досуден слободен удар за Реал на околу 20 метри, а Тони Крос беше изведувач, а топката удри во Дост, го смени правецот, а Жорди Алба од гол линијата не успеа да спаси гол.

https://streamable.com/2xmmu8

https://twitter.com/i/status/1380967042707243014

 

- Оглас -

Најнови вести