Кралски потег: Реал Мадрид нема да намали ниедна плата

Во ситуација кога поради пандемијата од Коронавирусот, голем дел од клубовите во Европа и светот размислуваат и спроведуваат кратење на платите, во Реал Мадрид најавија дека немаат намера да ги намалат сумите кои треба да ги дадат за исплата на вработените.

Од Кралскиот клуб велат дека причината за останување на платите во нормала е многу едноставна, клубот не е во криза и е подготвен да издржи и една ваква криза. Освен Реал, во добра финансиска состојба се четирите најбогати клубови во Германија, кои дури дадоа и помош за останатите бундеслигаши, а редовна исплата на платите најавија и од Манчестер јунајтед.

За разлика од Реал, синоќа од Јувентус стигна соопштение дека сите фудбалери се согласиле за драстично намалување на платите во последните четири месеци од сезоната и на тој начин клубот ќе дојде до заштеда од 90 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести