Краток и јасен одговор даде татко му на Меси (видео)

Хорхе Меси, таткото на Лионел, даде краток и јасен одговор на прашањето каде Лео ја продолжува кариерата. Група новинари го опколија пред аеродромот во Барселона, во пресрет на патувањето кон Париз, каде што попладнево Меси треба да пристигне и да го стави потписот на договорот со Светците.

„Да“, одговори Хорхе на прашањето дали Меси потпишува за ПСЖ, по што додаде одговор околу заминувањето на Лео од Барселона да се бара од управата на Каталонците.

Набрзо по Хорхе, Меси со своето семејство се појави на аеродромот и веќе е на пат кон француската престолнина.

Деталите од договорот се веќе познати, Меси потпишува двегодишна соработка со опција да се продолжи на уште една година. Платата ќе му биде 35 милиони евра по сезона, исто толку ќе добие бонус при самиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести