Кратово е бедем за струмичани – Академците на Пандев го чекаат првиот гостински гол

Силекс ќе и биде домаќин на Академија Пандев од 13 часот во премиерниот меч од последното есенско коло во нашата Прва Лига, а кратовци очекуваат убавата за нив традиција да продолжи и денеска.

Академците на Пандев имаат исклучително лош биланс на гостувањата во Кратово и се уште го чекаат првиот гол како гости на Силекс.

На вкупно шест гостувања во сите конкуренции, струмичани само еднаш успеаја да избегнат пораз, со ремито без голови во април 2018 година. На останатите пет гостувања во Кратово редовно си заминуваа со порази и без постигнат погодок, што е вистински раритет во македонската Прва Лига.

И денеска мечот е исклучително важен за двете екипи, кои се во горниот дел од табелата и се надеваат на излез во Европа.

Академија Пандев со евентуална победа може да го заврши првиот дел од шампионатот како второпласирана екипа, ако лидерот Варда не загуби од Шкендија дома.

Силекс со триумф ќе се израмни со Академија Пандев со по 27 бода, а може да го дели и второто место, ако Вардар утре во Скопје ја победи Шкендија.

Двојки 18. коло: Денеска од 13 часот: Силекс – Академија Пандев.

Утре, 13. часот: Вардар – Шкендија, Шкупи – Македонија Ѓ.П., Ренова – Работнички, Струга Трим Лум – Борец.

Табела: Вардар 35, Шкендија и Академија Пандев по 27, Силекс 24, Македонија Ѓ.П. и Струга по 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16 и Работнички 15.

 

- Оглас -

Најнови вести