Кравец за преговорите со Барса: Ме прашаа дали Абидал е белец или црнец?

Украинскиот лев бек Васили Кравец, кој игра за Луго како позајмен од Леганес, откри интересни детали од преговорите со Барселона, поточно со спортскиот директор на Каталонците, Ерик Абидал.

„Имаше опција да играм за Барселона Б, а ако се повредат Алба или Фирпо, да се преселам во првиот тим. Разговарав со Абидал, тој ми рече дека следеле 50-мина играчи и од сите ме одбрале токму мене. Но, не сакав да ме излажат и да ме искористат. Имав разговарано со момци од Леганес кои биле во Барса Б и ми рекоа да не прифатам бидејќи нема да заиграм. Во тој телефонски разговор Абидал ме праша знаеш ли кој сум? Му реков знам и потоа ме праша каква боја на кожа има. Кога му реков дека е црн, тој рече: добро е, значи твојата генерација не ме заборавила“ – раскажува 22-годишниот Кравец.

Кравец барал да биде откупен за 5 милиони, смешна сума на пари за голем клуб како шпанскиот првак, но тие му рекле ќе размислат и Абидал му понудил позајмица со право да го откупат за 5 милиони евра, што на крај не било прифатено.

- Оглас -

Најнови вести