Кристијано и Бензема се блиски, но не си ги сменија дресовите по мечот (Фото)

Кристијано Роналдо и Карим Бензема се блиски пријатели кои долго играа заедно за Реал Мадрид, со кого освоија четири титули во Лигата на шампионите, прегрнати го дочекаа стартот на мечот помеѓу Португалија и Франција, но веднаш по мечот, тие своите дресови не ги разменија меѓу себе, туку со други колеги.

Дресот на Бензема отиде кај Пепе, кој исто така е екссоиграч на Карим од Реал.

Роналдо својот дрес си го размени со Килијан Мбапе. На младиот Мбапе, Роналдо му е идол, а се гледа дека и двајцата беа расположени после средбата.

- Оглас -

Најнови вести