Португалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо кој има 41 година, потврди дека ова му е последно Светско првенство, но рече и дека уште не е подготвен да се пензионира.
Следниот Мундијал ќе се игра во 2030, една од земјите домачини ќе биде Португалија, но Роналдо ќе има 45 години и нема да биде дел од тој настан.
„Ќе завршам кога јас сакам, а не кога вие сакате. Мислам дека е губење време секогаш да го поставувате истото прашање: „Дали ова е вашиот последен натпревар?“ Ќе видиме. Не сакам да привлекувам внимание на тоа, бидејќи мислам дека тоа е најмалку важно. Најважно е да играме добро утре и да имаме верба дека ќе продолжиме понатаму“, рече Роналдо на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Шпанија од осминафиналето на СП 2026.
„Уживам максимално во моето последно Светско првенство, се надевам дека утре нема да биде мојот последен натпревар“, додаде Роналдо.

