Кристијано Роналдо и денеска е позитивен на тестот, дефинитивно не игра против Барса!

Ништо од дуелот на Меси и Роналдо, на утрешниот дуел Јувентус – Барселона ќе треба љубителите на фудбалот да се задоволат да видат како ќе се снајдат Пјаниќ и Артур против нивните поранешни клубови. Јуве има огромни проблеми со одбраната, а и отсуството на Роналдо е хендикеп кој тешко се надоместува, додека Барса има проблеми од поинаков тип.

Кристијано ќе добиеше шанса да настапи утре против Барса и Меси ако денеска дадеше негативен тест на ковид-19, но тоа не се случи. И на најновото тестирање се покажало дека 35-годишната ѕвезда уште е заразена. Роналдо е во самоизолација уште од 13 октомври.

- Оглас -

Најнови вести