32.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кристијано се прости од Јуве: Го напуштам најголемиот клуб во Италија за кој го давав целото срце

Кристијано Роналдо е нов член на Манчестер јунајтед, се враќа во клубот на својата младост каде ја почна интернационалната клупска кариера, а тој испрати и порака до Јувентус и неговите навивачи. Роналдо од летото 2018 година беше играч на Јуве.

„Денеска напуштив еден неверојатен клуб, најголемиот во Италија, и сигурно еден од најголемите во цела Европа. Ги дадав и срцето и душата за Јувентус, секогаш ќе го сакам градот Торино, до моите последни денови. Тифозите на Јуве секогаш ме почитуваа и се обидував да им се заблагодарам со борбеност на секој меч, во сите сезони и натпреварувања. На крај, кога ќе погледнеме назад, може да видиме дека направивме големи нешта, не сите кои ги сакавме, но сепак заедно испишавме една убава историја“ – порача Роналдо кој потоа ги објави и зборовите од химната на Јуве.

„Секогаш ќе бидам еден од вас. Вие сте дел од мојата историја, и јас сум дел од вашата. Италија, Јуве, Торино, навивачите бјанконери, секогаш ќе бидеме во моето срце“ – завршува Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести