25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кристијано и Георгина со семејството ќе живеат на село

Големата суперѕвезда на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо, ќе живее на село, открија англиските медиуми. Откако го направи грандиозниот трансфер во Манчестер јунајтед, Португалецот почна да си бара дом во кој ќе живее со семејството.

За време на престојот во клубот од „Олд Трафорд”, Роналдо ќе престојува во селото Олдерли Еџ, кое се наоѓа на 19 километри јужно од градот Манчестер. Во ова село живеат речиси 5.000 луѓе, но местото е познато по убави и скапи имоти и затоа е популарно кај многу ѕвезди.

Проблем за Роналдо може да биде само едно од ограничувањата, а тоа е брзината со која смее да се вози низ селото. Според локалните правила, автомобилите таму не смеат да се движат со брзина поголема од 20 милји на час (32 км/ч). Роналдо има уникатна колекција на спортски коли кои се многу брзи и ова ограничување на брзината ќе го спречи да ги испроба перформансите на автомобилите.

- Оглас -

Најнови вести