Критики за празната сала во Тбилиси: Како да играме на ЕП за кадети до 16 години!

Шпанскиот селектор Серџо Скариоло и неговиот турски колега Ергин Атаман беа најгласни во критиките до организаторите на Евробаскетот во групата која се игра во грузискиот главен град Тбилиси.

На мечот Грузија – Белгија, посетата беше очекувано добра, но кога не игра домашната селекција, трибините „зјаат“ празни. Средбите Шпанија – Бугарија и Турција – Црна Гора се играа пред стотици луѓе на трибините, што е премалку.

„Не знам како се чувствуваат кошаркарите што играат во НБА или во Евролигата пред полни трибини. Празната сала само со 100 гледачи ви ги одзема емоциите, тешко е да се сконцентрирате. Атмосферата беше како да играме меч од ЕП за играчи до 16 години, така се чувствував. Спортот се игра за публиката, не знам зошто нема публика, во фудбалот системот е поинаков, на секој меч на ЕП трибините се полни“, коментираше Атаман.

Скариоло се пошегува дека нивниот меч со Бугарија го гледале повеќе роднини на Лоренцо Браун отколку што имало луѓе на трибините. Инаку Браун, кој е натурализиран Шпанец, се вклучи со мобилниот во живо за да го гледаат.

Според официјалната статистика, на Шпанија – Бугарија имало 500, а на Турција – Црна Гора „дури“ 1.500 гледачи, но овие бројки се „надувани“ и не се реални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести