Ливерпул го претрпе шестиот пораз на последните седум официјални натпревари. Црвените вечерва беа разбиени на свој терен од Кристал палас со 0-3 во меч од Лига купот на Англија.
Ливерпул по третпат сезонава губи од Палас, а Исмаила Сар секогаш даваше гол.
За разлика од тимот на Слот, кој е во огромна криза, екипите на Арсенал, Манчестер сити и Челзи победија и одат понатаму во ова натпреварување.

