Крсте Велкоски: Сакаме да завршиме како трети во групата

Крсте Велкоски најавува дека македонскиот национален тим ќе се обиде да освои што е можно повеќе бодови и да го освои третото место во групата, па затоа нема предавање пред гостувањето кај Австрија, и покрај сите проблеми.

„Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколкумина фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, имаат одлични играчи, но наше е да се потрудиме да одиграме на високо ниво и силно да се спротивставиме. Ритамот на игра сигурно ќе биде на максимум, но и покрај отсуството на неколкумина фудбалери, мислам дека физички сме подготвени за предизвикот. Со добар резултат од овие два меча, ќе ја задржиме атмосферата за тоа што веројатно нè очекува во март и натпреварите за пласман на Европското првенство“, вели Велкоски.

- Оглас -

Најнови вести