Круна на историската година: Новак спрема голема одмазда за Медведев

Нивак Ѓоковиќ и Данил Медведев во 15:00 часот ќе играат во големото финале на АТП мастерс турнирот во Париз.

Неверојатната сезона која ја има Србинот, каде што се израмни по бројот на гренд слем титули со Роџер Федерер, а воедно стана единствениот тенисер кој седум години завршува на првото место на АТП листата, ќе се обиде да ја заврши со титула.

Противникот е најнезгодниот што може да биде. Токму Медведев го победи Ноле во големото финале на отвореното првенство на САД, со што го одложи рекордот кој го брка Србинот, а тоа е да се надмине Федерер по бројот на гренд слем турнири (21).

Моменталната форма е на страната на Медведев, кој игра поконстантен тенис, па затоа ја има и благата фаворитска улога во квотите на Sport Life од 1.85, додека пак за Ноле коефициентот изнесува точно два.

Во секој случај за некој час не очекува спектакуларен тениски меч, со кој ќе се затвори оваа година во врвниот светски тенис.

- Оглас -

Најнови вести