Крв падна во Лигата на шампионите, навивач на Ајакс е избоден со нож во Неапол (Фото)

Навивач на Ајакс е избоден со нож во Неапол, на еден ден пред почетокот на мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Двете екипи имаат голема армија на навивачи, но за 21 век ваквите инциденти се трагични и недопустливи, коментираат фудбалските симпатизери на објавената вест за инцидентот во Неапол.

Избодениот навивач на Ајакс е згрижен во болница и е надвор од животна опасност.

Мечот ќе се игра утре на „Диего Армандо Марадона“ од 18.45 часот, а пред една седмица Наполи го прегази Ајакс во Амстердам со 6:1.

 

- Оглас -

Најнови вести