Крваво беше пред стадионот, крваво и по првото полувреме во финалето на Конференциската лига (Видео)

Фиорентина и Вест хем играат без голови по првото полувреме во финалето на Конференциската лига на УЕФА. На стадионот во Прага немаше многу возбудувања во првиот дел, а ситуацијата која ги одбележа првите 45 минути не беше фудбалска.

Во 33-тата минута, капитенот на Фиорентина, Кристијан Бираги, тргна да изведе еден корнер, кога фановите на Вест хем започнаа да фрлаат со меки и тврди предмети. Еден од тие предмети заврши директно во главата на Бираги и веднаш почна да тече крв.

Бираги остана смирен и само побара лекарска помош, а потоа го продолжи дуелот. Со оваа раскрвавена глава на Бираги, само продолжи дивеењето на навивачите кои пред да почне финалето, направија големи нереди во Прага, а има и 15-тина повредени.

 

- Оглас -

Најнови вести