Куадрадо опериран, три месеци во аут

Коленото на левата нога на Хуан Куадрадо беше оперирано во Барселона, а според хирургот, успешно, па ако сè оди според планот за рехабилитација, колумбискиот фудбалер ќе може повторно да игра после три месеци пауза.

Ова е делумно добра вест за Јувентус, бидејќи постоеше опасност Куадрадо веќе да не заигра сезонава, но од друга страна, нема да може да помогне во осминафиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Куадрадо се повреди на гостувањето кај Јанг Бојс. Стануваше збор за повреда на надворешниот менискус и оштетување на `рскавицата, па мораше да му биде направена артроскопска операција.

- Оглас -

Најнови вести