Куче не дозволи да се изведе корнер на меч во Украина (Видео)

На мечот помеѓу украинските второлигаши Нива Виниција и Лвов Карпати кој заврши со победа на Нива од 4-2, се случи една интересна ситуација. Домашен фудбалер се обиде да изведе корнер, но беше спречен од едно куче кое влета на терен.

Животното ја мирисаше топката, но брзо се повлече и сепак дозволи средбата да продолжи. Сето ова беше снимено, и стана хит на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести