Кулминација во Мелбурн – Надал израмни на 2:2, Медведев пак збесна: Овие немаат мозок, животите им се празни… (Видео)

Рафаел Надал е на прагот на голем подвиг и пресврт во финалето на Австралија опен против Данил Медведев и од 0:2 израмни на 2:2 во сетови, па се игра решавачкиот сет за титулата во Мелбурн.

Кулминацијата доживува врвна првиот гренслем во сезоната, а имаше многу интересни ситуации.

Во финишот на вториот сет на терен влета активист за човекови права со транспарент за поддршка на имигрантите во Австралија, а потоа збесна Медведев.

На рускиот тенисер му пречеше реакцијата на публиката, која навистина прави многу проблеми и за двајцата тенисери во маратонската битка за победа.

Во еден момент Медведев реагираше кон судијата со интересна реакција.

„Овие немаат мозок. Изгледа животите им се празни…“ реагираше бесниот Медведев.

Медведев имаше кавга со главниот судија и во полуфиналето на турнирот и е казнет со 12 илјади долари.

https://twitter.com/eurosport/status/1487758434703400964?s=20&t=8FiI6_fbGV9Og6waisq5BA

Русинот водеше со 2:0, откако ги доби првите два сета со 6:2, 7:6, но потоа се разигра Надал и на двапати со по 6:4 израмни на 2:2 во сетови.

Ако Рафа ја освои титулата ќе биде апсолутен рекордер со 21 гренслем титула, а ако победи Медведев ќе биде првиот тенисер во опен ерата на тенисот што ги освоил првите две гренслем титули на два турнири едноподруго.

 

- Оглас -

Најнови вести