Кулушевски и Кјеза по три години ја вратија куп-титулата во Торино (видео)

Јувентус беше подобар од Аталанта со 2-1 во финалето од Купот на Италија за 14-та и рекордна титула за Бјанконерите. Одличното финале кое се играше на стадионот „Мапеј“ ја оправда лошата сезона на Старата дама, која по три години пауза повторно ќе владее со Купот на Чизмата.

Кулушевски по половина час игра, изведе мајсторија со одличен погодок и ефе какво што ретко се има случено сезонава. Тимот на Гасперини беше поконкретен во првото полувреме и заслужи да даде барем еден гол, па правдата беше задоволена преку Малиновски во 41-вата минута.

Се сменија улогите во вторите 45 минути, кога Јуве тргна кон победата и често се закануваше по голот на Голини. Казната конечно стигна во 73-тата минута, во која фудбалерите на Пирло креираа прекрасна акција, а Кјеза ја круниса со сигурна завршница.

- Оглас -

Најнови вести