Куман: На мадридското дерби сакам Атлетико да загуби бодови!

Роналд Куман, тренерот на Барселона, на денешната прес-конференција по повод гостувањето на Барса кај Осасуна изјави дека на неделното мадридско дерби не би сакал да види победа на Атлетико. Ретко кога некој од Барселона кажува дека ќе навива за Реал Мадрид, но ова е специфична ситуација.

Но, Куман додаде дека најважно му е неговиот тим да победи во Памплона, бидејќи како и да е, некој од мадридските тимови ќе загуби бодови.

„Преферирам тој што е понапред на табелата да загуби. Но, најважно ми е ние да победиме, бидејќи Атлетико или Реал, можеби и двата тима ќе загубат бодови“, рече Куман, кој додаде и дека нема свој фаворит на претседателските избори во Барселона в недела.

- Оглас -

Најнови вести