Куман снимен како му се жали на Луческу

Камерите на една телевизија синоќа снимија интересна конверзација помеѓу тренерите на Барселона, Роналд Куман, и неговиот поискусен романски колега Мирчеа Луческу, кој го води Динамо Киев. Овој разговор го водеа пред мечот кој Барса и ослабена го доби убедливо.

Куман му се жалеше на Луческу околу повредените играчи, па иако од Барса јавно немаат кажано колку долго ќе паузира Жерард Пике, холандскиот тренер му се отвори на Луческу.

Романецот го почна разговорот со тоа дека го гледал мечот Атлетико – Барса, и ги пофали каталонците за играта во првото полувреме, но потоа Куман ја почна својата „исповед“.

„Тие се бранат многу добро, многу се силни во одбрана. Ние имавме лоша среќа со повредите. Ансу Фати ќе биде во аут три месеци, Пике може да паузира четири до пет месеци, Серџи Роберто два месеци“ – рече загрижениот Куман.

- Оглас -

Најнови вести