Куман: Ваква Барселона сакам да гледам на секој меч

Барселона со четири победи во четири натпревари од Лигата на шампионите покажа дека игра сосема различно од тоа што го прикажува во првенството на Шпанија. Ако во елитната лига на УЕФА има перфектен биланс, каталонскиот гигант во домашниот шампионат има само три победи во осум средби.

Синоќа, на гостувањеро кај Динамо Киев, Барселона побед со 4:0, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. На овој меч, фаворитот играше без Меси, Фати, Пике, Бускетс, Де Јонг, Умтити, Роберто и Дембеле, но се покажа дека и без поголем дел од стартерите тимот може да оствари добар резултат. Тренерот Роналд Куман беше презадоволен.

„Таква Барселона сакам да гледам. Момците доминираа на теренот во најголем дел од мечот и горд сум на нивната игра. Можеби ни недостасуваше ефикасност во првото полувреме, но целосно погледнато сум задовоен“, рече Куман.

Дали Барселона ќе го задржи овој ритам на игра и конечно ќе почне со сигурна игра и во шпанското првенство, ќе видиме веќе в недела, кога на „Камп ноу“ ќе гостува Осасуна.

 

- Оглас -

Најнови вести