Куман збесна на својот играч, а потоа не сакаше ни да го погледне (Видео)

Барселона убедливо со 5:2 го победи Хетафе и остана во трка за титулата со двата мадридски гиганти Реал и Атлетико, но тренерот на каталонскиот гигант Роналд Куман во еден момент на дуелот на „Камп ноу“, буквално збесна.

Фаворитот водеше со 1:0, потоа и со 3:1, но кога гостите намалија на 2:3, ситуацијата стана сериозна. Хетафе погоди од пенал во 73-тата минута и имаше 20-тина минути да се обиде да направи чудо. Барселона тогаш тргна во напад, а во офанзива тргна и дефанзивецот Оскар Мингуеза, потег што многу го налути Куман.

Мингуеза беше единствен вистински стопер во тимот откако во текот на мечот од игра беа заменети Пике (поради повреда) и Ленгле (слаба игра). Во таква ситуација, кога како стопер мора да седи на својата половина и да не дозволи противникот да добие доволно простор за контранапад, Мингуеза заборави и тргна во офанзива.

Куман кога виде колку простор е оставено на противникот во дефанзива, потполно збесна и само две минути подоцна го извади од игра. Кога Оскар дојде до клупата за резерви, сакаше да се поздрави со тренерот, но Куман воопшто не сакаше ни да го погледне својот играч.

https://twitter.com/i/status/1385346968759717890

По мечот, Куман објасни зошто бил толку лут.

„Во првото полувреме при наше водство од 1:0, Оскар го повреди коленото и неколку пати му беше укажувана помош. Во сите тие ситуации ние бевме со играч помалку на теренот. Повеќе пати го прашував дали може да продолжи и тој даваше потврден одговор. Тогаш примивме гол од местото точно каде што тој требаше да биде. Освен тогаш и ситуацијата во 75-тата минута, имаше уште два моменти кога тргна во напад, а требаше да биде позади. Мора да ја научи тактиката која ја играме. По мечот зборував со него и нема никаков проблем“, објасни Куман.

 

- Оглас -

Најнови вести