Купот на Кралот не го освои кралскиот клуб – Барселона го победи Реал во Ел Класико за вреден пехар

Барселона го освои пехарот во шпанскиот куп со победа против Реал Мадрид во финалето со 64:59.

Во ново баскет Ел Класико, Барселона одигра подобро во тврд меч со малку поени и славеше победа за нов вреден пехар.

Никола Миротиќ беше незадржлив за одбраната на Реал Мадрид и постигна 19 поени, а имаше и пет скока.

Барселона почна многу лошо и постигна смао пет поени во првата четвртина и губеше со 14 поени разлика.

Каталонците стопија три поени негатива до полувремето, а потоа ги добија последните две четвртини со 23:17 и 23:13 за голем пресврт и пехар во кралскиот куп на Шпанија.

Само четворица кошаркари во финалето имаа двоцифрен број на поени, Миротиќ 19 и Јокубаитис 12 и Дејвис 10 кај Барселона и само Ертел со 10 поени кај Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести