Кварежма се изнервира, па го подигна противникот како да е мало дете (Видео)

Рикардо Кварежма е фудбалерот за кого многумина велеа дека ќе биде поголем фудбалер од Кристијано Роналдо. Сепак, Португалецот, кој е познат како многу темпераментен фудбалер, остана далеку од постигнувањата на Роналдо, но и на 38 години уште ја има истата желба за надигрување и победа.

Кварежма сега настапува за тимот на Гимараиш, кој на гостувањето кај Белененсесеш загуби со 1:0. Во 90-тата минута од мечот, домашниот играч Соуса се обиде да „украде“ од времето кога падна на тревата, и тоа во моментите кога требаше да биде заменет.

Кварежма знаеше дека Соуса „глуми“, па реши да ги преземе работите во свои раце. Дојде до Соуса, го крена во раце и тргна да го изнесува од теренот. Помина неколку метри, кога повеќе играчи на домаќините реагираа на овој потег на Кварежма и се случи мешаница, а Соуса потоа без никакви проблеми го напушти теренот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести