Квотите на Sport Life сугерираат дека Македонија ќе добие нов освојувач на Купот

Екипите на Силекс и Македонија Ѓорче Петров денеска од 18 часот ќе ги одмерат силите во финалниот меч од Купот на Македонија.

Арената „Тодор Проевски“ ќе биде центарот на случувањата, каде што Кратовчани ќе го бранат трофејот, овојпат како второлигаши, иако за наредната сезона обезбедија експресно враќање во елитата.

Според квотите на Sport Life, фаворитската улога ја има екипата на Македонија ЃП, којашто за да триумфира во текот на регуларните 90 минути, има коефициент од 1.77. За Силекс, пак, да се радува на трофејот во регуларното време, коефициентот изнесува 4.05.

Како круна на добрата сезона што ја имаа и двете екипи, покрај трофејот, ќе биде и пласманот во квалификациите од Лигата на Европа, каде што ќе имаат можност за квалитетен настап.

- Оглас -

Најнови вести