Л‘Екип: Барселона ја плати клаузулата на Гриезман

Реномиранипт француски медиум кој будно ја следи ситуацијата со Антоан Гриезман тврди дека Барселона ја активираше клаузулата на ѕвездата на Атлетико вредна 120 милиони евра. Според „Л‘Екип“, астрономската сума легнала на сметката на Јорганџиите, а Французинот во најскоро време ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.

Со оваа потврда се чини дека дојде крајот на трансфер-сагата која се чекаше од почетокот на летниот преоден рок. Од претходно е најавено дека Гриезман ќе потпише петгодишен договор со Барселона, додека Атлетико веќе го замени со суперталентираниот Жоао Феликс.

- Оглас -

Најнови вести