ЛА лејкерс губеше со 18 разлика, а на крајот победи убедливо

По пет порази во низа, Лос Анџелес лејкерс конечно победи, и тоа на меч на кој воопшто не делуваше дека може да се очекува триумф. Лејкерс започна очајно, па по првата четвртика „биковите“ имаа предност од 34:18 пред своите навивачи.

Тоа како да го налути Леброн, па Лејкерс до полувремето стигна само до пет негатива (60:55), а веќе на крајот од третата четвртина тимот од ЛА имаше неверојатна предност од 14 поени предност. Тоа се случи благодарение на фуриозните 12 минути во третиот квартал, кој гостите го добија со 43:24.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај победничкиот тим со 36 поени и 10 скока, додека кај Чикаго најефикасен беше Робин Лопес со 20 поени. Доколку Лејкерс сака да се надева на влез во плејофот, тимот на Леброн ќе мора да продолжи да победува бидејќи моментно е на 11-тото место на Западот.

https://twitter.com/i/status/1105692461421084672

Резултати: Индијана – Њујорк 103:98, Филаделфија – Кливленд 106:99, Чикаго – ЛА лејкерс 123:107, Далас – Сан Антонио 105:112, Њу Орлеанс – Милвоки 113:130, Денвер – Минесота 133:107, ЛА клиперс – Портланд 104:125.

- Оглас -

Најнови вести