Љајиќ е изолиран во карантин – Се стравува од коронавирус, Бешикташ демантира

Еден од најдобрите играчи на турскито гигант Бешикташ, Адем Љајиќ е хоспитализиран со висока температура и се наоѓа во карантин, а се стравува дека има коронавирус, објавија турските медиуми.

Српскиот репрезентативец е еден од најдобрите фудбалери на Бешикташ, а од клубот демантираат дека Љајиќ е издвоен од тимот и тврдат дека по мечот со Трабзонспор што ќе се игра утре, нивниот фудбалер ќе се врати на тренинзите со соиграчите.

Од Бешикташ потврдија дека Љајиќ имал висока температура, но дека не се вистинити информациите во медиумите дека се работи за коронавирус.

 

 

- Оглас -

Најнови вести