Лајовиќ: Покажувам заедничка слика со Ѓоковиќ, и без проблем влегувам во ресторан

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ откри малку познати детали од неговиот живот, и насмеа многумина со признанието дека го користи пријателството со сонародникот Новак Ѓоковиќ, за да влезе во некој ресторан во кој нема резервација.

„Сум добил неколку бесплатни оброци во ресторани во Србија, секогаш се чувствувам убаво кога ќе ме препознаат. Инаку помага кога го познавате Новак, во Лос Анџелес ја користиме фотографијата со Новак за да нè пуштат во некој ресторан“ – раскажува популарниот Дуци кој годинава немаше којзнае колку добра сезона, но и понатаму е втор најдобар тенисер во Србија и во топ 30 на светот.

- Оглас -

Најнови вести