1701 Тулуз – Лион (21 ч.)
Дуел на две екипи кои поблиску се до опасната зона отколку да се борат за висок пласман. Ако се гледа традицијата, Лион е апсолутен фаворит затоа што во последните 15 меѓусебни дуела има 13 победи и две нерешени. Тулуз 10 години се нема израдувано против Лион.
Тулуз сезонава игра неубедливо и е само со три победи во 12 дуели, а Лион има пет победи во 12 меча на туѓ терен сезонава во првенството. Традицијата вели дека на 15 од последните 17 натпревари на овие два тима биле со минимум три погодоци.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.30)
3001 Емполи – Болоња (20:45 ч.)
Низата од шест победи на Болоња заврши со пораз од лидерот Интер, но тоа не значи дека е многу нарушена позитивната атмосфера во екипата. Болоња сега гостува кај Емполи, кој има само еден бод повеќе од Фрозиноне, кој е во зоната за испаѓање.
Само со 10 освоени бода во 14 меча, Емполи е вториот најслаб домаќин, а интересно е дека Болоња е како експерт за нерешени, па има седум „икса“ во 13 гостувања сезонава.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.03)
1801 Келн – Лајпциг (20:30 ч.)
Мали се шансите Келн да се спаси од испаѓање, па токму затоа јасно е дека Лајпциг е фаворит на оваа средба. Лајпциг е во борба за место во Лигата на шампионите и едноставно на вакви гостувања мора да освојува по три бода.
Лајпциг победи со убедливи 6:0 во првиот дел од сезоната, што доволно зборува за разликата во квалитет на овие два тима.
Предлог тип: 2&2-4 (2.45)
1301 Сосиедад – Кадис (21 ч.)
Реал Сосиедад на домашен терен дури кога игра и со многу посилни ривали од Кадис е фаворит, па јасно е дека трите бода треба да останат во Сан Себастијан. Сосиедад има седум победи и три нерешени во последните 10 меча со Кадис.
Кадис ќе биде мотивиран посебно по триумфот над Атлетико Мадрид, но ова е тим кој сезонава нема ниедна победа на гости.
Предлог тип: 1-1 (2.30)
1630 Хераклес – ГА иглс (20 ч.)
Хераклес прими 58 гола во 25 меча и ја има втората најслаба одбрана во холандското првенство. Гоу ахед иглс победи на три од последните четири меча со овој ривал. Во просек на мечевите на Хераклес има по четири погодоци и ова едноставно треба да биде дуел на кој голманите неколку пати ќе ја вадат топката од мрежите.
Предлог тип: 4+ (2.75)